Крупна меѓународна компанија пројаввила интерес за престојниот оглас за изнаоѓање на концесионер за автопатот Кичево-Гостивар, истакна премиерот Никола Груевски во гостувањето во вестите на „Канал 5“.
Доколку ги прифатат условите, кои засега според компанијата се согласни, во Македонија ќе има изградба на уште една скапа автопатска делница.
Премиерот истакна дека работата за изградбата на автопатиштата се одвива согласно предвиденото и во источна и во западна Македонија.
– Ангажирани се 1.500 работници од кои што дури 1.100 се од Македонија. Ангажирана е голема градежна механизација од коишто најголем дел – околу 80 отсто и повеќе се од македонски компании. На пример на автопатот Скопје-Штип има 215 машини што се ангажирани, од коишто 174 се од Македонија. На другиот дел од 190 машини 182 се од македонски компании. Тоа влијае на вработеноста, а долгорочно ќе влијае многу и на комуниакциската поврзаност помеѓу регионите, посочи Груевски.
Тој нагласи дека е значајно што и за следната година имаат голем број активности планирани на ова поле.
-Кон средината на следната година ќе започне изградбата на експресниот пат Штип-Кочани, потоа градбата на експресниот пат Градско-Прилеп, а к он крајот на идната, најдоцна на почетокот на 2016 година ќе започне изградбата и на автопатот Требеништа-Струга, како и експресниот пат од Охрид до Пештани, потенцираше премиерот.
Премиерот посочи дека и понатаму продолжуваат да работат на изградба и реконструкција на помалите регионални и локални патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


