| четврток, 6 декември 2018 |

Делови од Скопје утре без струја и без вода

Поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ утре без вода ќе бидат корисниците од овој булевар и улиците „Шумадинска“, „Шнајдер“, „Киро Крстевски Платник“, „Костурски Херои“ и „Наум Наумовски Борче“ во општина Центар.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека прекинот ќе биде од 9:30 часот до отстранување на дефектот.

Без вода од 10 часот ќе бидат и корисниците од улицата „Индира Ганди“ бб, спроти училиштето „26 Јули“.

Без струја утре од 9 до 12 часот и од 9 до 15 часот ќе останат корисниците од населба Ергеле пред Трубарево односно корисниците околу булеварот Словенија.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје без електрична енергија утре од 8:30 до 10 часот ќе останат корисниците од улиците „Лазар Поп Трајков“ и „Христо Ботев“, од 08:30 до 12 часот, корисниците од улицата „Бранко Заревски“ број 70, од 08:30 до 14:30 часот, дел од корисниците од улиците „Цветан Димов“ и „Сараевска“, како и корисниците од улиците 210 и „Ордан Чопела“.

Од 9:30 до 15:30 часот без струја ќе останат дел од корисниците од улица 1 во село Кондово, од 10 до 15 часот дел од корисниците од улицата „Демир Трајко“ и од 11 до 15 часот и 30 минути дел од корисниците од улица „Џумајска“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top