Македонската компанија за вода и безалкохолни пијалоци, „Пелистерка“, денеска и официјално го промовираше петтиот, традиционален календар како симбиоза на убавите жени од Македонија и бенефитите на водата. Годинава на календарот се најдоа Марјана Станојковска, Аделина Тахири и Тамара Тодевска.
– Привилегија е да се најдеш на овој календар бидејќи за да се најдеш на него, треба да бидеш успешен и да имаш багаж. Не е лесно да бидеш на овој календар бидејќи успешните луѓе одат со успешните работи – изјави Аделина Тахири.
– Јас сум изненадена од календарот, презадоволна сум, а слушам и доста позитивни коментари од сите. Моите пријатели видоа само една слика и навистина им се допадна. Едвај чекаа да ги видат и другите, па тогаш ќе ви кажам што ми рекле, ако е за кажување – вели Марјана.
Тамара, иако беше најавена, не се појави на промоцијата на новиот календар.
ФОТОГРАФИИТЕ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.