Од април следната година ќе се воспостави директна авионска линија СкопјеЖенева, која ќе ја оперира авиокомпанијата „Свис ерлајнс“.
Според летниот распоред на скопскиот аеродром, првиот лет од Скопје до Женева е планиран за четврти април 2015 година. Авиокомпанијата ќе оперира на оваа авиолинија од „Александар Велики“ секоја сабота од 18 часот и 20 минути. Во текот на летната сезона „Свис ерлајнс“ ќе ја опслужува оваа релација двапати неделно, во вторник и во сабота. Aвионските билети ќе можат да се резервираат од средината на јануари следната година.
Ја поздравуваме одлуката на „Свис ерлајнс“ од април повторно да лета од Женева за Скопје. Ова е добра вест за нашите патници, нашите иселеници во Швајцарија, како и за бизнис заедницата во двете држави. Со ова се зголемува и туристичката размена, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“.
Од Директорот на „Свис ерлајнс“ за Австрија и Централна и Источна Европа Бернард Водл изрази задоволство за можноста позитивно да одговорат на растечката потреба за патувања меѓу Македонија и Швајцарија и да лансираат нова услуга на скопскиот аеродром.
Ова е трета дестинација во Швајцарија со која Скопје, односно скопскиот аеродром има директна воздушна врска. Директни линии веќе се воспоставени со Базел и Цирих. „ТАВ Македонија“ за следната година планира воведување уште нови дестинации, зголемување на фреквенцијата на постоечките рути, како и подобрување на вкупните услуги кои се нудат на двата аеродроми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.