
По невообичаено долгиот сушен период во регионот на југоисточна Азија, незапаметен во последниве четири децении, монсунското подрачје веќе десетина дена е зафатаено со обилни дождови кои предизвикуваа поплави и одрони на земјиштето, особено во Малезија и Индонезија. Силните дождови ноќеска предизвикаа големи поплави во источната малезиска држава Паханг каде што стотина странски туристи и домашните работници беа блокирани во хотелите во националниот парк Мутиара.
За да се евакуираат туристите од Канада, Велика Британија, Австралија и Романија спасувачите употребија големи чамци, а дел од загрозените се спасуваа и со хеликоптери.
Локалното население е предупредено да одбегнува движење близу до речните брегови, бидејки дури сега претстојат буици на надојдените реки. Се препорачува и избегнување на движење долж морскиот брег, поради можно излегување на реките од коритата.
Слична поплава во националниот парк Мутиара, кој се протега на 434.000 хектари имало и во 1.971 година, потсетува малезиската агенција Бернама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


