
Џихадистите на милитантната сунитска исламистичка група Исламска држава (ИД) тврдат дека собориле авион на силите на Меѓународната коалиција, предводени од САД.
Авионот е соборен во реонот на градот Рака во Сирија, што е во рацете на џихадистите уште од времето кога оваа група беше дел од сириската бунтовничка опозиција.
Според проопозициската сириска опсерваторија за човекови права,се верува дека соборениот авион и припаѓа на некоја од арапските земји, членки на Коалицијата.
Во извешатојот на оваа опсерваторија не се вели ништо за судбината на пилотот, но поддржувачите на ИД на Интернет веќе прикажуваат фотографии за тоа како еден јордански пилот е опкружен со припадници на оваа исламистичка група.
Јордан е една од четирите арапски држави кои заедно со САД од септември ги бомбардираат позициите на ИД во Сирија.
Засега нема потврда за соборувањето на авионот, ниту од Јордан ниту од САД, како и за тоа како е соборен авионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


