
Полицијата во Германија е во потрага по украден гулаб-натпреварувач, а оној кој ќе го најде, му следува награда од 10 илјади евра.
Полицијата во Дизелдорф соопшти дека гулабот е стар шест години има ознака на прстенот „АС 969“. Украден е во ноќта меѓу саботата и неделата од заклучениот голубарник во предгрдието на овој германски град.
Вредноста на гулбаот, според сопственикот е 150 илјади евра. Тој бил најскапиот гулаб во кафезот во кој се наоѓале другите гулаби – натпреварувачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


