Се појавил сведок со нови тврдења околку мистериозното исчезнување на малезискиот авион. Според високотиражниот московски дневен весник “Komsomolskaya Pravda” малезискиот авион “Boeing 777” бил срушен од страна на украински воен пилот, капетанот Владислав Волошин.
Во редакцијата на споменатиот магазин дошол “таен сведок” од Украина, кој од безбедносни причини пред јавноста бил претставен како Александар, и ја открил позадината зад она што се случувало на 17 јули, кога 298 патници мистериозно го загубиле својот живот во авионската несреќа.
Каде бевте вие во текот на денот кога беше срушен малезискиот авион?
– Бев во Дњепропетровск, во населбата Авијаторској. Таму се наоѓа цивилен аеродром, но тогаш на него имаше и армиски ловци и хеликоптери. Тие авиони полетуваа и слетуваа, а ловците бомбардираа над Доњецк и Луганск. Тоа траеше подолго.
Зарем тие авиони секојдневно полетуваа?
– Да, секој ден!
Врз основа на што претпоставувате дека тие авиони би можеле да имаат поврзаност со трагедијата со малезискиот авион?
– Од неколку причини. Од осумте авиони кои се наоѓаа на овој аеродром, само два носеа ракети воздух-воздух. Тие беа закачени…
Зошто? Зар биле подготвувани за воздушна битка?
– Ракетите ги носеа за да се бранат во воздухот. За секој случај. Инаку, најчесто носеа проектилни бомби за погодување на цели на земјата.
Добро, но што се случи на 17 јули?
– Тој ден авионите летаа од самото утро. Во втората половина од денот, речиси еден час пред рушењето на малезискиот авион, од аеродромот полетаа три ловци. На точното време не се сеќавам. Само еден носеше ракета воздух-воздух.
Вие тоа лично го видовте?
– Да!
Каде точно се наоѓавте тогаш?
– На територијата на аеродромот. Не сакам да откријам каде точно.
Имавте можност точно да видите што се прикачува на тој авион ловец? Да не случајно сте се збуниле? Сигурни ли сте во тоа што го видовте?
– Не можев да се збунам. Ракетите се разликуваат и по големината, но и по крилјата и по бојата. Сосема е лесно да се разликуваат. Во секој случај, по кратко време, еден од трите авиони се врати.
Двата од авионите биле срушени, како што ми рекоа, некаде на истокот на Украина. А на аеродромот се врати оној авион на кој беше прикачена ракетата.
Авионот се врати без ракетата?
Да, без ракетата. А пилотот кој управуваше со авионот беше многу исплашен.
Го познавате ли вие тој пилот? Дали тогаш лично го видовте?
Да.
Дали тој бил сам во авионот?
Да. Тој авион е наменет за само едно лице.
Знаете ли како се вика пилотот?
Мислам дека се вика Владислав Волошин. Не можам да кажам точно. Но, капетан е!
Капетанот Волшин се вратил. Што се случи потоа?
Се врати без ракета.
Зошто ве зачуди тоа што нема ракета, со оглед на тоа што авионот се вратил од воена задача?
Затоа што тие ракети не влегуваат во основниот “борбен комплет”! Овие ракети се користат по посебна наредба. По правило, капетаните се трудат да не ги креваат овие ракети во воздух затоа што не се лесни за носење.
Всушност, тие ракети дотогаш никогаш не беа прикачувани на авионите. Беа отпишани, но рокот на траење, една недела пред случајот со малезискиот авион, им беше продолжен, иако долги години не беа користени.
Тој ден на сите авиони ги прикачија ракетите?
Не, тој авион постојано стоеше со ракетите.
За тоа време не леташе?
Не, ама тој ден полета.
Значи, на крајот се врати без ракета?
Да. Затоа што малку го знам тој пилот… Сосема е возможно, особено поради тоа што другите два авиони беа срушени пред неговите очи, тој од страв да реагирал несоодветно. Можеби од страв, или за одмазда, одлучил да ја испука ракетата кон малезискиот авион, веројатно мислејќи дека тоа е некој борбен авион.
Имаат ли тие ракети систем за самоконтролирање?
Да.
Кога ја лансирал ракетата, таа сама започнала да бара цел?
Не, пилотот сам ја одредува целта, па ја лансира ракетата.
Што друго паметите? Што зборуваше пилотот тогаш?
Кога излезе од авионот, рече: “Тоа не беше тој авион!”. Еден пилот потоа го праша: “А што е со оној авион?” Пилотот тогаш одговори: “Тој авион во погрешно време се најде на погрешно место”.
Дали одамна работи тој пилот? Колку години има?
Волошин има околу 30 години. Неговата единица е дислоцирана во Николајев, а во Дњепропетровск ги прекомандуваа…
Дали пилотите разговараа меѓусебно за случајот со малезискиот авион?
Не, сите такви обиди беа спречувани. А и пилотите беа онака… замислени.
Кога се дозна за случајот со малезискиот авион, што се случи со пилотот, капетанот Волошин?
Летовите продолжија. Пилотите не се менуваа.
Тој тип на ракети воздух-воздух, на кое растојание од целта експлодираат? Дали е можно ракетата да го погодила трупот на авионот и во него да експлодирала?
Се зависи од модификациите. Може да биде и директен погодок, но може да експлодира и 500 метри од целта.
Видеото погледнете го на точка.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.







