| четврток, 6 декември 2018 |

Крвав атентат во Ирак

kyrvav-atenat-v-irak-275603

Најмалку 24 лица загинаа, а околу 40 се повредени во самоубиствен напад во Мадан, на 45 километри јужно од Багдад, пренесуваат светските агенции. Цел на нападот биле борци од сунитски милиции, кои ја поддржуваат владата во Багдад, соопшти полицијата. Бомбашот се разнел во близина на групата борци, кои чекале во близина на армискиот пост, за да добијат плати.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top