Модерниот спортски центар на Воената академија во Белград со години има и свои вип членови, поради кои за одредени работи, како што е користењето на базенот, им е скратен на останатите корисници, пишува српски Курир.
Токму поради ваква ароганција, на децата со посебни потреби, кои меѓу другите го користат овој базен, им било скратено пливањето, бидејќи во еден нивен термин „влетале“ важни државни функционери.
Министерот за одбрана, Братислав Гашиќ, практично ги потврдил сознанијата на Курир, со образложение дека ги укинал вип влезниците за базенот на Воената академија што им овозможувале на неговите претходници и некои генерали да се релаксираат под специјални услови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


