Десет месеци откако роди девојче, шведската принцеза Мадлен (32) повторно е бремена.
Среќната вест ја објави на социјалните мрежи, а новиот принц или принцеза ќе се роди во лето 2015 година.
Принцезата минатата година се омажи за американско-британскиот банкар Кристофер О`Нил (39). Нивната ќерка Леонор е петта по ред за престолот, но мора да биде припадничка на шведската црква и да земе шведско државјанство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.