Националната авиокомпанија на ОАЕ, Етихад ервејз откупи денеска 49 отсто од сопственоста на Алиталија за 387,5 милиони евра.
Во заедничко соопштение на двете компании е наведено дека со тоа се завршени сите формалности во врска со трансферот во работењето во воздушниот сообраќај со компанијата Алиталија на нова авиокомпанија Алиталија САИ – Societa Aerea Italiana.
Преостанатите 51 отсто од новата компанија се во сопственост на компанијата Алиталија преку компанијата MidCo која придонесе со договорената актива и пасива за продолжување на работата на авиокомпанијата. Трансакцијата ќе стапи на сила на 31 декември 2014 година, а Алиталија САИ ќе биде целосно оперативна и ќе почне со работа на 1 јануари 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


