| четврток, 6 декември 2018 |

Маневски, Ибраими и Работнички главни фудбалски лауреати во 2014 година

Борче Маневски како најдобар домашен фудбалер, потоа Агим Ибраими како најдобар репрезент на македонскиот фудбал во странство и ФК Работнички се главните носители на наградите од Фудбалската федерација на Македонија за 2014 година.

rabotnicki-pobednik-na-kupot-24

Маневски беше еден од најзаслужните за двојната круна на Работнички, клуб кој блескаше на домашната сцена во 2014 година, а Ибраими со настапите за Марибор во Лигата на шампионите одлично го презентираше нашиот фудбал во европски рамки.

FC Schalke 04 vs NK Maribor

На свечената церемонија на која се доделуваа фудбалски оскари во многу категории им беше одаддена почит и на починатите Петар Милошевски и Илија Ико Атанасовски.

Еве ја комплетната листа на сите наградени во 2014 година:

Борче Маневски – Најдобар фудбалер во домашното првенство

Агим Ибрами – Најдобар репрезент на македонскиот фудбал во странство

Игор Ангеловски – Најдобар тренер 

Дејан Блажевски – Најдобар стрелец

Наташа Андонова – најдобра фудбалерка во женски фудбал

Афродита Салихи – најдобар стрелец во женски фудбал

Оливер Јовановски – најдобар тренер во женски фудбал

Кристијан Златковски – најдобар фудбалер во футсал

Зоран Левески – најдобар тренер во футсал

ФК Работнички – фер-плеј екипа на годината

Минчо Јорданов – заслужен фудбалски работник

Димитар Мечкаровски – најдобар фудбалски судија

Јасир Асани – најдобар млад фудбалер 

Влатко Колев – најдобар тренер во младинскиот фудбал

Михајло Јакимовски – најдобар стрелец во младинскиот фудбал

ФК Вардар и ФК Шкендија – признание за најмногу вложување во македонскиот фудбал

ФК Металург – најдобар клуб во младински фудбал

Марјан Секуловски и Влатко Андоновски – најдобри тренери во странство

Трајко Стаматовски – Награда за животно дело

Ивко Панговски, Кирил Манев – Награди за животно дело во новинарството

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top