Британскиот сценарист и коавтор на некогаш мошне популарната комична телевизиска серија „Ало, ало“, Џереми Лојд, почина на 84-годишна возраст.
Неговиот професионален агент соопшти дека Лојд починал во болница, откако заболел од пневмонија.
– Џереми беше навистина величествен и секогаш подготвен за некоја оригинална идеја, вели во соопштението за смртта неговиот агент.
Во периодот од 1972 до 1985 година, заедно со писателот Дејвид Крофт, тој учествуваше во бројни продукции за британската телевизија, меѓу кои кај гледачите во Велика Британија и низ светот, најмногу остана запаметена „Ало, ало“ и главниот јунак, Французинот Рене, во чие провинцско бистро се одвиваат сите настани.
Комичната серија „Ало, ало“ беше сместена во текот на Втората светска војна на територјата на окупирана Франција во која Лојд и Крофт ги исмејуваат сите учесници во војната – нацистичките окупатори, француското движење на отпорот, квинслишката власт, недоветните британски војници кои треба да им помагаат на Французите, како и италијсната фашистичка команда и локалните Французи.
Во времето меѓу 1982 и 1992 година оваа комедија беше најуспешната и најпродавата продукција на Би-Би-Си.
Лојд имаше три брака, меѓу кои кусо време и со британската актерка Џоана Ламли. Во 2012 година, Џереми Лојд беше одликува од британската кралица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


