На денешната седница Уставниот суд ќе расправа за законот за лустрација. Наташа Габер-Дамјановска е надлежнaта судијка која изјави дека поради здравствени и лични причини доцни доставувањето на предметот до претседателот на судот иако тоа требало да се случи пред најмалку некој месец. Македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права и пензионираниот адвокат Стамен Филипов во септември минатата година поднесоа иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на 13 одредби од закон за лустрација, донесен во јуни минатата 2012 година.

Иницијативата се однесува на временскиот период опфатен со законот и одредбите кои дозволуваат објавување на имињата на поранешни соработници без судски налог, само со одлука на Комисијата за верификација на фактите.
Ова е третпат, од 2008 година кога првпат беше донесен законот за лустрација, тој да се најде пред Уставниот суд. Новиот закон за лустрација беше донесен откако Уставниот суд укина 12 одредби од стариот закон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уставниот суд на 19 септември ќе ги разгледува иницијативите за поништување на одлуката за распишување на референдум
-
СМК поднесе инцијатива до Уставен суд за поништување на одлуката за референдум
-
Уставниот суд ќе постапува по одлуките на Аеродром и Радовиш за референдум за населување мигранти
-
Пренџов: Побаравме од Уставниот суд да укаже на нелогичноста во законите за локална самоуправа


