Горан Пандев продолжи да стрела прецизно за Галатасарај во натпреварите од турскиот куп и повторно се запиша во листата на стрелците во победата од 4-1 против Дијарбакир.
Во 31. минута македонскиот интернационалец погоди за предност на фаворитот од 1-0, а потоа освен израмнувачкиот гол на Дијарбакир се беше во знакот на Галатасарај.
Брума, Адин и Куртулус по еднаш беа прецизни за нова уверлива победа на повеќекратниот турски шампион и освојувач на купот. На претходниот меч против Балчова, Пандев постигна хет-трик во период од само 18 минути и со 4 погодоци е меѓу најефикасните во ова натпреварување во Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



