| четврток, 6 декември 2018 |

Есенски температури во Чешка

Sunrise-in-Prague(1)Во Чешка денеска беа забележани невообичаено високи температури за овој период од годината, пренесе МИА од Прага. Во градот Ческе Будејовице, во југозападниот дел на земјата, со измерени 11,9 степени Целзиусови беше надминат 47-годишен топлотен рекорд. Во 1967 година, на истиот датум биле измерени 11.6 степени Целзиусови. Историските максимуми биле надминати и во други метеоролошки станици.

Во јужните делови, со измерени 13,1 степени Целзиусови, со што за 2,6 степени бил надминат рекордот од пред 47 години. Во Дијаковице во регионот Знојмо, живата во термометарот се искачила на 12,6 степени, а досегашниот рекорд од 1993 година бил за 3,4 степени помал.

Рекорд пријави и метеоролошка станица во дел на Прага, каде досега највисока температура за 23 декември била измерена пред 21 година и изнесувала 10 степени, наспроти денешните 10,1 степени Целзиусови. Температури над 12 степени имало и на одредени места во другите делови на земјата. Според метеоролозите, слично време ќе биде до четврток, од кога се очекува студен бран и заладување, со температури и под нулата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top