| четврток, 6 декември 2018 |

Одбележување на Денот на настава на турски јазик во Македонија

турско сколоВо хотелот „Александар палас“ вечерва ќе биде одбележан Денот на образование на турски јазик, кој е единствен национален празник за таа етничка заедница во Македонија.

Денот се празнува на 21 декември, а прославата годинава е поместена за време на посетата на турскиот премиер Ахмет Давутоглу, кој денеска престојува во земјава.

На манифестацијата ќе се обрати премиерот Никола Груевски.

На 21 декември се одбележува почетокот на наставата на турски јазик, која почнала  во 1944 година во ОУ „Тефејуз“ во Скопје.

Со одлука на Владата на РМ од 2007 година, овој ден е неработен за турската етничка заедница во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top