Црногорскиот пејач Владо Георгиев по цели 10 години ќе одржи свој солистички концерт во Скопје. Георгиев го одбра денот на виното и на љубовта, 14 февруари следната година, за концертот кој ќе се одржи во спортскиот центар „Борис Трајковски“, а кој е во организација на „Прагма продукција“.
Влезниците за концертот се пуштени во продажба во „Камарад“ – Рамстор, цвеќара „Розе“ Веро 2, „Југотон“, „Скопје сити мол“ во Скопје, а по градовите во Македонија влезници можат да се најдат во локалните кафулиња или на плоштадите, како и во продажната мрежа на „Купи карти за сѐ“. За обожавателите надвор од Скопје ќе биде обезбеден и организиран превоз.
Цената на влезниците до 1 февруари: партер стоење – 600 денари, дан пит – 800 денари, блок 5, 6, 7, 8, 9, 10 и 11 – 700 денари, блок 2, 4, 12 и 14 – 900 денари, блок 3 – 1.000 денари, блок 13 – 1.500 и 1.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Македонска вокална музика“ – концерт на вокални солисти во Штип
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија
-
Пијанистот Дино Имери со концерт го прославува 10-годишниот јубилеј
-
Ваков го немате видено: Георгиев се појави со жената, а после неколку часа се клатеше со хитовите на Лепа Брена!