| четврток, 6 декември 2018 |

До 31 јануари сите обврзници треба да воведат фискални каси со ГПРС уреди

каси

Сите даночни обврзници кои вршат промет на добра и на услуги за кој плаќањето се врши во готово имаат обврска до 31 јануари 2015 година да воведат фискален апарат со вграден ГПРС уред.

Постапката за регистрација на новите ГПРС фискални апарати трае  од 10 до 15 минути и се врши електронски од страна на овластениот производител каде што обврзникот ја набавил касата.

– И покрај брзата постапка, а со цел избегнување метежи, апелираме даночните обврзници да не ги чекаат последните денови пред истекот на рокот – 31 јануари, односно секој кој не ја извршил обврската за регистрација кај некој од овластените производители тоа да го стори веднаш, бидејќи во наредниот период се очекува голем број фирми да извршат набавка на нови фискални каси, а дополнително претстојат и новогодишните и божикните празници – наведуваат од Управата за јавни приходи.

Според последните податоци на УЈП, постапката за регистрација е заокружена за 26.258 фискални каси со ГПРС уред кај 12.591 даночен обврзник.

Право на продажба имаат само овластени производители на одобрен фискален систем на опрема со ГПРС уред, во согласност со даночната регулатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top