| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Контролата на раѓањето е еднаква на предавство

ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени дека контролата на раѓањето е „еднаква на предавство“ и оти контрацептивните средства се закануваат да „исушат цела една генерација“.

– Едно дете или две – не се доволни. За да ја направиме нашата нација силна, потребна ни е подинамична и помлада популација. Мораме да ја одведеме Турција над нивото на модерните цивилизации – истакна Ердоган.

– Едно дете значи осаменост, две ривалитет, три баланс, а четири значат богатство – смета турскиот претседател.

Оваа негова изјава беше дадена пред гостите присутни на свадбата на синот на турски бизнисмен и негов близок соработник Мустафа Кефели.

Ердоган на младоженците уште им зборуваше за вредноста на бракот, пренесува Танјуг.

– Бракот е едно долго патување. Имате добри денови, а имате и лоши. Добрите ги има повеќе ако научите да ги доживеете, а лошите денови на крајот носат среќа ако бидеме стрпливи – рече Ердоган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top