Македонскиот олимпиец Антонио Ристевски ја доби наградата за најдобар спортист на Град Скопје за 2014 година. Настапите на Зимските олимписки игри во Сочи му го донесоа ова признание на најдобриот македонски скијач.
„Покрај вложувањата на Град Скопје во врвниот спорт, ќе продолжиме со поддршката и со вложувањата во нашата база и иднина, средношколскиот спорт кој изминативе години прави очигледен напредок, според планираното и според ветеното. За тоа, секако говорат и резултатите и масовноста, но и успесите кои нашите средношколци, со огромно залагање на своите професори, во континуитет ги постигнаа и ќе ги постигнуваат на гостувањата во збратимените градови Ниш, Загреб, Белград, Софија, Љубљана“ – истакна градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Покрај Ристевски, во топ-10 со признанија се и автомобилистот Игор Стефановски – Иџе, ракометарите Стојанче Стоилов, Ренато Вугринец и Јулија Николиќ, пливачите Евгениј Поп Ацев и Томи Стефановски, каратистката Симона Заборска, фудбалерот Јасир Асани и борачот Јасин Реџалари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



