Реформите во која било општествена сфера се континуиран процес, динамичен; временски – со различен интензитет. Реализатори на овој процес во образованието, на кое било ниво се и државата, и самите образовни институции, секој – во својот домен на одговорноста во оваа сфера. Во високото образование (и во другите нивоа), фундаменталните реформи се работа на државата (како основач и финансиски подржувач), на Министерството за образование и наука. Меѓутоа, на интерно – факултетско ниво, на ниво на студиски програми, носители на реформите се самите факултети! Тоа е нивно неприкосновено право, но и обврска, како дел од академската слобода и универзитетската автономија*. Факултетите, нивното раководство и академскиот кадар – преку разни форми и активности(подобрување на наставните програми/содржини, методите на нивното пласирање во теоретската и практична настава, оценувањето, изборот на наставно-научен кадар и др.) влијаат на квалитетот на студиската програма во целина, на самиот образовен процес, а ова пак на остварувањето на мисијата заради која е акредитиранависокообразовната установа – продуцирање квалитетен кадар, спремен да се фати во коштец со предизвиците на одбраната професија; kадар, кој ќе биде компетентен и конкурентен – но не само на локалниот пазар на труд! Воведувањето на евалуационите процеси (предвидени во рамките на Законот за високо образование во 2000, и потоа…) како дел од Системот за обезбедување и оценување на квалитетот во виспокото образование (акредитација, евалуација, и други активности и механизми преку кои се развива и одржува квалитетот нависокото образование) – беше/е токму во таа насока. Меѓутоа, спроведувањето на евалуационите процеси – изведувањето на сите постапки/чекори предвидени во самоевалуацијата (внатрешнма евалуација) и надворешната (екстерна) евалуација на високообразовните институции (ВОИ) и системот на оценување на квалитетот наакадемскиот кадар – бара темелност, максимална објективност и искреност – како многу важен предуслов за добивање на реална слика за состојбите во високообразовната институиција (ВОИ) и образовниот процес – од сите /предвидени/ аспекти. Во спротивно, изостануваат ефектите од евалуационите процеси и нивната крајна цел – детектирање на силните/јаки, но и слаби страни на ВОИ, и преземањето мерки и активности за нивно отстранување/подобрување.
Свесни сме за оправданоста на забелешките за потфрлања во знаењата (несразмерни на стекнатата квалификација-диплома!), што зборува во прилог на затајување на одредено ниво во (високо)образовниот процес. Можеби нема конкретни анализи, но сведоци сме на најлошата последица од ова -преквалификации токму од споменатата причини – несигурност за извршување на задачите предвидени со стекнатиот образовен степен и квалификација. А, на општеството му треба способен кадар, кој ќе ги оправда вложувањата (на државата) во неговото образование. Оттаму, државата има право, но и обврска да презема чекори за подобрување во оваа сфера – базична за нејзиниот развој и просперитет.
Ги поддржувам најавените /пакет/ мерки предложени за подобрување на образованието во пониските степени. Крајно време беше да се превземат сериозни реформи во овие образовни нивоа – како фундамент на понатамошните; посебно ме радува /сè/ она што е предвидено околу обезбедувањето на солиден наставен кадар – кој има значајна, ако не и клучна улога во севкупниот образовен процес во една држава; солидните предзнаења се основа за надградување во секое наредно ниво!
Го поддржувам најавениот државен испит – секако како целосно дефиниран концепт-со се она што ќе овозможни негово ефикасно имплементирање! Некои можеби го доживуваат како палијативна мерка, но и како таква, потребна е! Барем дотогаш, додека не се воспостави квалитетен образовен систем кој ќе биде на исто, или на многу блиско рамниште како европските. (Се согласувам и со мерките поврзани со докторските студии; праксата ги изнедри!)
На кој начин една држава ќе реши да влијае врз (подобрувањето) квалитетот во некоја сфера, зависи од нејзини проценки! Веќе испробан модел може да биде земен како урнек со одредена /минимална/ модификација, дополнување – адаптација диктирана од домашните услови…
Противниците на државниот испит (меѓу нив – Студентскиот пленум, за жал, и СДСМ – како политичка партија!) продолжуваат да ја манипулираат јавноста злоупотребувајки го истиот како нешто што ја нарушува академската слобода* и универзитетската автономија*.
За нив – одличен политички (провиден) повод за протести.Проблем им е што државата е иницијатор за државниот испит! А, кој друг ттреба да се грижи за ефикасноста на образовниот систем во една држава – ако не самата држава; во оваа работа важен е реализаторот – Одборот за акредитација – а тој суштински е дел од академската заедница. Во овој момент, тоа е најадекватното решение!
*Според Законот за ВО – “Универзитетите и единиците во нивниот состав и самостојните високообразовниустанови ја вршат својата дејност врз принципот на академската автономија.Со академската автономија се гарантира интелектуалната слобода на членовитена академската заедница и творечката природа на истражувачкиот и образовниотпроцес, како врвни вредности и способности. Автономијата на универзитетот вклучува
АКАДЕМСКА СЛОБОДА,што опфаќа:
– Слобода во научно-истражувачката работа, уметничко создавање, примената ипосредување на знаењето,
– Самостојно уредување на внатрешната организација и работењето со статут восогласност со закон,
– Слобода на изведување на наставата, спроведувањето на научните истражувања,уметничката дејност, односно творештво и применувачка дејност, вклучувајќи јаслободата на објавување и јавно претставување на научните резултатити иуметничките достигања,
– Слобода на студирањето, утврдувањето на правилата на студирање, облиците ивидовите на наставно-образовните дејности и на проверката на знаењата настудентите,
– Слобода на избор на студиските програми и содржината на одделните предмети, како и
подготвување на учебници и други учебни помагала,
– Слобода на изборот на методот на интерпретирање на наставните и уметничкитесодржини,
– Утврдување услови и критериуми за студии од прв, втор и трет циклус, како идруги видови на образование,
– Подготвување, усвојување и остварување на научно-истражувачки програми иприменувачка работа,
– Доделување стручни, академски и научни звања согласно со закон, како идоделување на почесни академски титули,
– Оопределување услови, критериуми и постапка за избор во наставно-научни,научни и наставни звања и
– Избор во наставно-научни, научни и наставни звања.
- . . . . . . . . . . . . . . .
- . . . . . . . . . . . . . . .
Имајки го предвид горенаведеното, како реалност, се поставува прашање – дали воведувањето на државниот испит може да се смета за нарушување на академската слобода?! Одговорот е – НЕ! Негативен е, затоа што има/ло/ ситуации кои тоа вистински го одразуваат, каде со неакадемски постапки се/биле одземани академските права загарантирани со закон! Незаконски, неправедно!
Во деведесеттите, почитувани мои – посебно им се обраќам на студентите, имаше обид да ми биде одземено правото (за среќа траеше една седмица!) на академска слобода, на работа со студентите – еланот за творење! Правото да објавам книга, да учествувам во работата на научен проект, да остварам студиски престој во странство и покрај добиената стипендија (NAFFIC, холандска; го реализирав наредната година за време на мојот годишен одмор)! Во академската средина се случуваше и тоа, заради такви, како професорката по ”децко” да страдаат ни криви ни должни и студенти, и други неподобни за ваквите “професорски капацитети”, но и за деканката ”тешка”неколку мандати… за која, суспензијата или финансиската казна на професор заради учество во работа на научен (државен/универзитетски) проект (“Евалуација на високообразовните установи во Р. Македонија”, 2001/2002!) е работа за која таа нема ингеренции како деканка, бидејки се работело за “проблематика од работни(чки)те односи”! Затоа, почитувани мои, за ваквите професори, државниот испит, или која било намера на државата за промени кои тие ги чувствуваат како закана за нивниот комодитет – се повод за протест!
Драги мои студенти! Сум за протести со барања на сè она што треба да ви обезбеди квалитетни студии и знаења, почитување на вашиот дигнитет како академски граѓани, пристојни услови на студентското живеење, но тука сте да протестирате и против неакадемските појави кои ја поткопуваат академската сфера (наша заедничка) – во нејзината основа. Тоа, не може да не ве засега.
Не сум за протести завиени во политичка обланда, протести кои од ден на ден се повеќе, според мене попримаат политички призвук! Оградете се од политичките идеи/цели на партиските подмладоци; во спротивно, искреноста е стопена, а кредибилитетот – изгубен!
Зошто постои сомневање во автентичноста и искреноста на протестите организирани од Студентскиот пленум?!
- Манипулираат со бомбастични флоскули и фрази! Манипулираат со суштината на академската слобода и универзитетската автономија, која е точно дефинирана! Воведувањето на државен испит го толкуваат како загрозување на истите! Им се одземало правото на образование?
- Подготвени се (Студентскиот пленум) да им се придружат на сите кои протестираат за нешто!
- Ја игнорираат праксата и искуствата (четири децении) на нивните колеги од медицина и стоматологија од полагањето на државен испит како потврда на стекнатата универзитетска диплома, и услов за практикување на избраната професија!
- Да беа искрени од Студентскиот пленум – наместо ултимативното НЕ, ќе разговараа, ќе даваа предлози за формата и начинот на изведување на државниот испит (кој на други факултети се применува успешно повеќе децении?!)
- Уште во јануари оваа година, лидерот на социјалдемократската младина (СДММ), во интервју за еден интернет-портал (18 Јануари 2014; 14:35) најавува – “Младите се подготвени за промена на власта”;”Оваа година ќе биде година во која младите ќе си ја превземат иднината во свои раце и ќе кажат стоп на расипничкото трошење на оваа власт! (образовен проблем бр. 1)?!; Или:“ Ова е година на пресвртот, година која драстично ќе го промени и подобри животот на младите во Македонија, а СДММ одлучно и одговорно ќе застане на чело на целиот овој процес!” Процес или протест?! (образовен проблем бр. 2) ?!
- Поддршка од опозициската СДСМ – ќе го укинела државниот испит кога ќе дошла на власт??? Додворување или…
- Изјавите на сдсм-политичари од типот “…сосема е тесноградо ако мислите дека (студентите) се борат да нема екстерно тестирање на факултетите ; работата е многу поширока. …Значи заеднички во дефинитивна битка за слободна и демократска Република Македонија”. (Што да се заклучи од ова – се работи за “Академски” памфлет, флоскула или “револуционерен” повик?!)
Споменатите нешта, изјави на политичари, “аналитичари” и разно-разни невладини активисти со својот некритички, “заштитнички” пристап, само ги зацврстуваат уверувањата дека студентските протести организирани од Пленумот, за жал – не се ниту автентични, ниту искрени! Зашто, чуден е поводот: – Проверка на знаењето!
За крај, неизбежно е прашањето: СЕ РАБОТИ ЗА ОБРАЗОВНИ ИЛИ ПОЛИТИЧКИ АСПЕКТИ НА АКТУЕЛНИТЕ “ПЛЕНУМСКИ” АКТИВНОСТИ?!
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



