| четврток, 6 декември 2018 |

Од денес „Недела на археологијата“ во Археолошкиот музеј

Од денес во Археолошкиот музеј во Скопје ќе се одржи „Недела на Археологијата“ на која може да се  присуствува следниве три дена (влезот е слободен, а бројот на посетители е ограничен).

ДЕН ПРВИ: (23.12.2014)

ВТОРНИК: 18:00 часот (Свечено отворање на манифестацијата „Недела на Археологијата“)

18:30 часот – Свечено отворање на изложба „Места на Контакти – Златните лица на Македонските кралеви“ – Промоција на каталог: „Во сенката на божествената Изида“

19:30 часот – Предавање на проф д-р Виктор Лилчиќ под наслов: „Развој и состојба на археологијата во Р. Македонија“

20:30 часот – Предавање на м-р Перо Арџанлиев под наслов: „Златните маски на Македонските кралеви“

ДЕН ВТОРИ (24.12.2014)

СРЕДА: (Предавање и едукација за млади и студентски целни групи и предавање на тема користење на нови технологии во археолошки ископувања)

16:00 часот (Предавање на археолози и професори на теми во врска со археологија, археолошка едукација, уметност, култура) – проф. д-р Драги Митревски „Пајонскиот народ и култура во областа на археологијата“ – проф. д-р Елизабета Димитрова „Homines Immortales: Средновековните ктитори во Македонија“

17:30 часот (Предавања на тема користење на нови технологии на археолошки ископувања) – м-р Горан Санев „Археологијата и 3Д технологијата – новитети и приоритети“ – м-р Гоце Наумов „Нови методи и технологии во предисториската археологија“

19:00 часот (Проекција на документарни филмови од македонската археологија)

ДЕН ТРЕТИ (25.12.2014)

ЧЕТВРТОК: 16:00 часот (Предавање за Македонската археологија и археолошките локалитети низ Македонија) – проф д-р Марјан Јованов „Раната Антика во Северо-источна Македонија, нови хоризонти во македонската археологија“ – м-р Гоце Наумов „Неолитска Пелагонија“ – м-р Александра Папазова Санев „Мали Дол – некропола од преоден период XII-XI век пне“

19:00 часот (Музички концерт (квартет) промоција на млади автори)

20:15 часот (Затворање на манифестацијата „Недела на археологијата“) Официјалната фејсбук страна на НУ Археолошки Музеј на Македонија ќе ви овозможи јавен информативен сервис, од редот на новинските агенции што настојуваат да ги задоволат професионалните стандарди во сферата на нашата функција – секојдневно континуирано регистрирање настани и појави и продукција и емитување вести и други прес информации и материјали во врска со историјата, културното наследство, и актуелностите поврзани со Археолошкиот Музеј на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top