| четврток, 6 декември 2018 |

Сечејќи дрва, си го убил роднината

дрва

Во критичниот момент, според првичните информации од надлежните истражни органи од кочанската полиција и обвинителство, жител на Јастребник, чиј идентитет полицијата не го открива, сечел дрва.
При сечење, една од цепаниците од засега неутврдени причини, отскокнала и го удрила во предел на телото и на главата Симеон М., роднина на дрвосечачот.
Симеон е префрлен во кочанската Брза помош. Поради сериозноста на повредите, итно е транспортиран во скопската клиника, каде што 71- годишниот старец им подлегнал на повредите. Истрагата за овој несреќен случај е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top