| четврток, 6 декември 2018 |

Цената на нафтата почна да расте

O

Минимално и незначително, но цената на нафтата на светските берзи денеска се зголеми во однос на таа од вчера, објавува „Ројтерс“.

Според денешните тргувања на светските берзи, северноморската нафта од типот брент се продава за сума од 60,67 американски долари за еден барел, што претставува зголемување за 0,56 отсто во споредба со вчерашните тргувања.

Цената на нафтата од типот ВТИ, пак, се зголемила за 0,86 отсто и сега изнесува 56,12 американски долари за еден барел.

Американската телевизија „Блумберг“ објавува дека цените на нафтата бележат раст поради изјавата на министерот за нафта на Саудиска Арабија, Али ал Наими, кој рече дека намалувањето на цените е последица на недостатокот на соработка меѓу земјите производители, кои не се во ОПЕК.

– Пазарот ќе се опорави, а фосилните горива и во следните декади ќе останат основен извор на енергија – рекол Ал Наими.

Според него, земјите производители што не се дел од ОПЕК, „ќе сфатат дека е во нивни интерес поддржувањето на стратегијата на високи цени за сите“.

Тој дополнил дека Саудиска Арабија се раководи во своите постапки на пазарот, исклучително од своите економски интереси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top