Перо Антиќ одигра стандардно за Атланта хоукс, а популарните „јастреби“ триумфално поминаа и низ Далас и ги жигосаа „телињата“ предводени од Дирк Новицки и од Монта Елис. Маверикс е опасен тим, особено кога игра на свој терен, но Атланта е во извонредна форма и гази сѐ пред себе. Ноќеска со 105-102 победија против Далас, екипа што има шампионски амбиции и биланс од 20 победи и девет порази.
Антиќ одигра 16 минути и постигна 5 поени, комбинирани со 3 скока. Атланта е на втората позиција во Источната конференција со скор 20-7.
Резултати: Далас – Атланта 102-105, Мемфис – Јута 91-97, Шарлот – Денвер 110-82, Чикаго – Торонто 129-120, Хјустон – Портланд 110-95, Сан Антонио – ЛА клиперс 125-118, Голден стејт – Сакраменто 128-108.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.