Северна Кореја повторно доби интернет по повеќе од девет часа прекин, тврдат од компанијата „Дин“, која ги следи интернетските конекции.
Пореметувањето во конекцијата се случило поради ескалација на „војната со зборови“ меѓу САД и Северна Кореја, за време на масовниот сајбер напад на „Сони Пикчерс“.
– Обично постојат изолирани случаи, а не континуирани проблеми со поврзување. Не би се изненадил ако тие апсорбираат некој вид напад денес – изјави Даг Мадору, директор на интернетската анализа на „Дин“.
Постои сомневање дека зад прекинот стои поединец, но уште не може со сигурност да се тврди дека станува збор за напад.
Северна Кореја има пробеми со интернетот од неделата навечер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Го напишала своето име на Гугл и следел шок: Не можела да поверува на сопствените очи! (галерија +18)
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Кој го пресече кабелот и ја остави цела земја без интернет?