| четврток, 6 декември 2018 |

Прирачник за шпиони на ЦИА: Не смеете да се препотувате и да гризете усни

cia upatstvoДоверливи документи покажуваат како ЦИА ги советувала своите шпиони да ги заобиколуваат безбедносните проверки на аеродромите во ЕУ.

Првиот од документите со датум од 2011 година кој го објави Викиликс ги советува шпионите на тајни задачи како да се однесуваат за време на проверките на аеродромите. Тоа место е означено како ризична точка затоа што шпионите најчесто ги разоткриваат за време на претреси и детално испрашување. Најважно е да се остане „прибран, доследен, добро извежбан и да се има добро покритие“ за лажните податоци кои мораат да постојат и при компјутерска проверка и така да се пренасочи трагата на полицијата на аеродромот, советува ЦИА.

Тоа што е најважно е шпионите да даваат наједноставни одговори на двете најфрекфентни прашања „зошто сте овде?“ и „Каде престојувате?“

– Патниците кои прават долги паузи меѓу прашањата и одговорите користат непотребни зборови, се препотуваат, ја гризаат устата, дишат длабоко или користат фрази како „типично“, „често“, „да бидам искрен“, „ се колнам“ предизвикуваат сомнеж“, се наведува во документот.

 

ЦИА исто така советува шпионите мораат да го знаат јазикот на земјата чиј пасош го користат. Потоа, водат сметка во лажниот документ да немаат визи или маркици од земјите за кои постојат сомневања дека спонзорираат терористи. Се бара и да не носат аларми и роковници во рачниот багаж. Прирачникот е толку детален што во него стои дури дека не смеат неуредно да го пакуваат куферот ако се искусни деловни патници. Не смеат ниту да носат  необележени мапи и водичи за градовите кои не одговараат на нивната туристичка посета.

 

ЦИА исто така советува дека паметните телефони, ајпад уредите и МП3 плеерите претставуваат потенцијален ризик за разоткривање на идентитетот бидејќи бараат претплата под име и имеил адреса. На тој начин официјалните лица на аеродроомт можат да воспостават врска меѓу уредот и вистинското име на патникот, што може да претставува проблем за оној што е на тајна мисија. Русите на пример, на московскиот аеродром задржуваат право во втората проверка да ви го задржат лаптопот и детално да го истражат, се вели во прирачникот.

Година подоцна, ЦИА објавила и втор документ во кој наведува електронски мерки за безбедност вклучувајќи ја и европската база за отисоци од прсти. Во него се истакнува загриженост на разузнавачката агенција поради биометриските безбедносни мерки кои ги спроведува Европа над лицата со американски пасоши.

– И под администрацијата на Обама, ЦИА планира да се инфилтрира меѓу границите на ЕУ и да извршува тајни операции, рекол Џулијан Асанж, основачот на Викиликс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top