
Шест лица загинаа, а неколку се повредени, кога денеска во центарот на Глазгов камион за собирање смет излетал од патот и удрил во група пешаци.
Полицијата соопшти дека во оваа сообраќајна несреќа има загинати и повредени лица, но не изнесе повеќе детали.
Според полицијата нема индиции дека станува збор за терористички напад.
Очевидци велат дека возачот на камионот изгледал како да не му е добро и оти немал контрола врз возилото во момент кога удрил во пешаците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


