Славниот актер одлучи да ја почести новата девојка со романтичен излет.

Популарниот Антонио Бандерас ужива во друштво на новата девојка Никол Кимпел, а двојката викендот одлучи да го помине рекреативно.

54 годишниот актер се впушти во опасна прошетка, не испуштајќи ја од раце својата љубена, а двојката е забележана од папараците како разменува нежности во текот на излетот.

Бандерас моментално ужива во љубовта со младата девојка, додека се уште трае процесот за развод со својата поранешна сакана Мелани Грифит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


