Швајцарскиот филмски центар Филмподиум од Цирих го вброи македонскиот филм „Пред дождот“ на Милчо Манчевски во 500. најреволуционерни филмови во историјата на кинематографијата.
„Пред дождот“ е рамо до рамо со сите најзначајни филмски остварувања, од „Граѓанинот Кејн“ на Орсон Велс до „Рашамон“ на Акира Куросава, од Фелини и Бергман до Хичкок и Кјубрик, соопшти „Банана филм“.
„Пред дождот“ е прикажан овој месец, а серијата во Цирих насловена „Првиот век филм“ ќе трае дури 10 години.
Во воведот на Филмподиум се вели: „Манчевски стручно си игра со текот на времето, само во можноста на паралелизам или дупки тој гледа излез од спиралата на насилството“. „Пред дождот“ претходно се најде и на листата на „Њујорк тајмс“ на 1.000 најдобри филмови на сите времиња. Филмот има освоено над 30 високи награди, меѓу кои „Златен лав“ во Венеција, номинација за Оскар во Холивуд, награда на УНИЦЕФ, на ФИПРЕСЦИ, Златен кондор во Аргентина, награди во Шведска, Бразил, Русија, Турција, Белгија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура