Вчеравечер околу 21.25 часот, во Куманово на ул. „Гоце Делчев“ во обложувачницата „Плeј ин“, непознато лице со закана со пиштол извршило разбојништво над вработената и над уште едно лице што било гостин во објектот, одземајќи го дневниот промет од касата, додека од другото лице одзел мобилен телефон, при што се стекнал со противправна имотна корист во износ од околу 42.500 денари.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.