| четврток, 6 декември 2018 |

Бундеслигата на пауза до 30 јануари

Со одигрувањето на двата неделни натпревара завршија возбудувањата во Бундеслигата за 2014 година. Херта нема по добро да го памти крајот на годинава по дебаклот со Хофенхајм на свој терен и поразот од 5:0.

На вториот дуел Фрајбург – Хановер одиграа 2:2. Претходно на другите натпревари од 17. коло: Шалке – Хамбургер 0:0, Баер Леверкузен – Ајнтрахт 1:1, Аугзбург – Борусија Менхенгладбах 2:1, Вердер – Борусија Дортмунд 2:1, Штутгарт – Падерборн 0:0, Мајнц – Баерн Минхен 1:2 и Волфсбург – Келн 2:1.

Табела: Баерн Минхен 45 бодови, Волфзбург 34, Баер Леверкузен 28, Борусија М. 27, Баер 27, Шалке 27, Аугсбург 27, Хофенхајм 26,…

Пролетната полусезона од Германското фудбалско првенство ќе почне на 30 јануари 2015 за кога се закажани натпреварите од 18. коло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top