| четврток, 6 декември 2018 |

Дали ЛДП не се согласува со политиката на Жерновски?!

milevski-620x330

Андреј Жерновски заминува од лидерската позиција во ЛДП. Неговиот мандат завршува во февруари, по што, како што стојат работите, на ова место ќе дојде  Горан Милевски, единствениот кандидат за лидерската позиција. Милевски, еден од оние пратеници во оставка, вели дека тој има намера целосно да ја размрда партијата и да воведе свежина на политичката сцена. Дека нешто не штима внатре во партијата говорат и коментарите на некои членови на раководството за тоа дали ќе дозволат или нема да дозволат промена на патот по кој сега чекори ЛДП.

Милевски коментира и за сопартијката Роза Топузова – Каревска, која, спротивно на одлуката на опозицијата, влезе во собраниската сала. На ова Милевски коментира дека ова за ЛДП е одлична лекција за во иднина повеќе да се слуша гласот на членството а не мислењето на лидерот.

Топузова-Каревска очигледи не е единствената која не се согласува со политиката на лидерот Андреј Жерновски. Таа беше казнета што имаше свој став за рботите и остана на истиот. Иако ЛДП, согласно својот статут, не можеше да ја исклучи од партијата, Каревска-Топузовска беше исклучена од повисоките орагни на ЛДП. Сега Жерновски не оди на нов мандат. Наводно причината е посветеноста на градоначалничката функција во Општина Центар. Прашање е дали навистина е така или тоа е само изговор за да се затскрие незадоволството во партијата  фактот дека ЛДП не сака да му даде нов мандат. Дали Жерновски сака да продаде приказна дека сам одлучил да не се кандидира за претседател на ЛДП, а всушност знае дека нема шанси, дека таму се крајно разочарани од него и не им паѓа на памет да го реизберат за да си го гледа само својот личен интерес бидејќи го гледаат како арогантен сноп и политикант?!
andrej-zernovski-1

Жерновски, иако ужива да зборува дека премногу е посветен на Општината, работите на терен не го потврдуваат тоа. Граѓаните на Општина Центар, коментираат дека нивниот градоначалник остварува средби од никакво значење кои подоцна наидуваат на голем потсмев на социјалните мрежи кои се преплавени со коментари за “крупните проекти“ на Жерновски. Дали неговата неспособност е причината поради која останатите сопартијци се откажуваат од него?! Се чини, постои мислење дека гледа само за себе, реални проекти нема. Дали само 2 -3 бизнис ориентирани  луѓе од ЛДП имале од него ќар, другите ништо?!

Кога Жерновски е во прашање, јавноста не е изненадена околу неговите “проекти“. Наместо ново училиште во Капиштец, кое беше едно од главните негови ветувања во трката за градоначалник на Општина Центар, Жерновски два пати отвораше една иста улица која уште од самиот почеток беше проследена со низа контроверзии. Ако на ова се додаде дека еден од главните „проекти“ на Жерновски беше и разгледување на три електрични столба, тогаш не треба да зачудуваат коментарите на граѓаните на Општина Центар дека Жерновски може да излезе со најнов проект, дека кивнал.„Република“ во неколку наврти ја објави анализата направена од соопштенијата на кабинетот на Жерновски, според која Жерновски најголем дел од времето во својот мандат го посветил на пресметки и обвинувања кон актуелната власт, а многу мал дел за позитивни теми од кои главна придобивка ќе имаат жителите на општината со која раководи.

Во изминативе 19 месеци како е градоначалник на Општина Центар, од април 2013 година, податоците покажуваат дека Жерновски  во јавноста излегол да говори на 183 теми, од кои само 25 теми биле позитивни, а останатите 148 теми биле политички обвинувања и пресметки или несуштински теми кои се несвојствени за еден градоначалник. Од тие 25 теми кои биле позитивни, само неколку се поврзани со суштински проекти за еден градоначалник како што се фасадата на зградата “Папагал”, ново паркче во општина Капиштец, отворањето на Боемската улица и реконструираната фискултурна сала.

Останатиот поголем дел од позитивните проекти се најави за проекти или проекти како реализиран отворен ден за граѓани, организирање на Денови на македонскиот мед, најава дека Центар ќе го оживува комплексот Езерце, проект кој се уште не се случил, како и тоа дека учениците во Центар ќе се вклучат во бизнисот со пластични шишиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top