Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска и утре ќе престојува во посета на Република Македонија.
Давутоглу, како што соопшти неговиот кабинет, во Скопје ќе се сретне со македонскиот премиер Никола Груевски и со претседателот Ѓорге Иванов.
Теми на разговор ќе бидат политичките, економските и трговските односи меѓу Македонија и Турција.
Ќе бидат разменети и мислења за регионални и меѓународни теми од заемен интерес. За време на престојот, Давутоглу ќе има и активности во рамките на одбележувањето на Денот на турското образование во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.