| четврток, 6 декември 2018 |

Брајант ќе одмори, и со него и без него Лејкерс не победува

Коби Брајант е преморен од пеколното темпо во НБА-лигата и веројатно ќе одмори на еден или на два меча што следат за Лос Анџелес лејкерс, или ќе игра, но со помала минутажа.

Кај 36-годишниот кошаркар е видлив заморот од пречестите настапи, а ноќеска не погоди дури 22 од 30 удари упатени кон кошот на Сакраменто кингс. Лејкерс загубија с0 101-108 и има серија од 3 порази, со вкупен скор 8-17.

Kobi-Brajant

Полоши од нив се Њујорк никс, каде што мака мачи уште една голема НБА- ѕвезда, Кармело Ентони. Никс го забележи петтиот пораз во серија откако загуби од Торонто со 108-118. Ентони беше најефикасен на мечот со 28 поени, но за Њујорк ефектот е слаб и скорот на победи и на порази е 5-25.

Останати резултати: Кливленд – Мемфис 105-91, Бруклин – Детроит 110-105, Мајами – Бостон 100-84, Орландо – Филаделфија 88-96, Вашингтон – Феникс 92-104, Минесота – Индијана 96-100, Оклахома – Њу Орлеанс 99-101.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top