
Во шпионскиот трилер со име „00:30 -Тајна операција“, во која е опишана потрагата по Осама бин Ладен, совесната припадничка на ЦИА по име Маја на крајот го наоѓа бин Ладен во неговото засолниште.
Ликот на Маја е создаден по жена која навистина работи во ЦИА. Но, нејзиниот идентитет и позиција сè до сега грижливо се чуваат од очите на јавноста. По објавувањето на контроверзниот извештај за илегалното мачење, сепак избиле на површина детали од професионалниот живот на жената која медиумите ја нарекуваат „Кралица на мачењето“.
Филмската приказна за неа како долгогодишен експерт за Ал Каеда одговара на вистината, но „Кралицата“ во својата кариера направила и низа грешки и повеќе пати давала погрешни информации на Конгресот.
Новинарката Џејн Мајел, која во „Њујоркер“ објавила текст за „проширените методи на испрашување“ пишува дека таа „направила грешка кога ЦИА примила информација што можела да ги спречи нападите од 11 септември“.
– Погрешно ги протолкувала информациите и ја испратила ЦИА во апсурден лов на ќелиите на Ал Каеда во Монтана. Тогаш погрешно ги известила одговорните во Конгресот дека мачењето имало ефект, напишала новинарката.
По објавувањето на текстовите за „кралицата на мачењето“, истражувачкиот сајт „Д интерсепт“ (The Иntercept) решил да го разоткрие нејзиниот идентитет.
Сајтот навел дека тоа го сторил поради клучната улога во погрешното информирање на Конгресот за примената на методите на мачење во ЦИА и за нејзиното активно учество во мачењето, при што директно учествувала во мачење на најмалку една невина жртва.
Како што дознава Ен-би-си, таа се нашла на мета на остри критики по нападите на 11 септември 2001 година, кога се дознало дека еден нејзин потчинет службеник открил дека двајца мажи за кои се сомневало дека се припадници на Ал Каеда и кои подоцна се приклучиле на групата киднапери, влегле во земјата, но дека за тоа не биле информирани ФБИ.
Таа исто така барала илегално испорачување на германскиот државјанин Халид ал Масри кој беше уапсен во Македонија и однесен во Авганистан на сослушување, иако мажот со исто име за кој ЦИА всушност трагала немал германски пасош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија
-
Тилерсон доби отказ бидејќи Трамп го нарекол „морон“? Трамп го избегна одговорот…(видео)
-
Што следела ЦИА во Југославија по смртта на Тито?
-
Анкара издаде налог за апсење на поранешен агент на ЦИА


