Сончево, но свежо време нé очекува во понеделник. Ветерот ќе биде слаб и ќе дува претежно од северозапад.
Максималната температура ќе биде слична во однос на недела, но чувсвителната температура ќе биде повисока заради тоа што ветерот ќе биде многу послаб. Во котлините од северниот регион максималната ќе има вредност околу 6°С, а во јужниот регион околу 8°С.
Во скопската котлина конечно се очекува сончево време. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 7°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


