
Македонскиот актер Васил Шишков почина вечерва во Скопје.
Шишков (44) беше син на познатиот македонски актер и легенда Ристо Шишков.
Тој глумеше ролји во серијалот Македонски народни приказни, и во филмовите „Џипси меџик“, „Бог да ги убие шпионите“, „Македонија може“ „Бумбари“ и други.
Веста за смртта ја објавија актери и режисери на своите профили на социјалните мрежи. Како што дознаваме, Шишков починал од срцев удар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


