
Ивана Јанковска (23) е студентка од Куманово која е избрана за за најдобра студентка на факултети во Словачка и Германија. Таа има позитивен став за воведувањето државан испит на факултетите во Македонија. Во интервју за „Канал 5“ таа вели дека била запознаена оти во Словачка се полага државен испит.
– Во Словачка се полага државен испит и јас знаев уште од почетокот на студиите. Имав многу позитивен став кон тоа, бидејќи на крајот кога го поминав, кога успешно го положив тој испит, знаев дека сето тоа што сум го учела и стекнала во последните три години вродило со плод и знаев дека можам да се потпрам на тоа знаење кое го добив и да продолжам понатаму со своите студии – изјави Јанковска за вестите на „Канал 5“.
На прашањето како е да се биде најдобра меѓу најдобрите во светот, Ивана вели: Чувството е нормално посебно затоа што јас како странец дојдов на еден универзитет од држава која не беше застапена на тој универзитет и успеав да бидам најдобра.
Јанковска студирала во 5 земји- Италија, Чешка, Словачка, Германија и Холандија, но истакна дека би сакала да го инвестира своето знаење и искуство во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


