| четврток, 6 декември 2018 |

И девојката во тешка состојба префрлена во Скопје

И 21-годишната девојка од Битола која е тешко повредена во сообраќајката од утринава е транспортирана во Скопје на потанатомошно лекување. Девојката се здобила со тешки телесни повреди и е во тешка здраствена состојба.

Возачот на автомобилот марка „буба” со прилепски регистерски таблици, деветнаесетгодишниот Х.С се уште се наоѓа во животна опасност. Тој рано изутрината со серизони повреди на главата, градниот кош и абдомнетот беше транспортиран на Клиниките во Скопје каде лекарите се борат за неговиот живот.

Несреќата се случила рано изутринатава, околу  2.30 часот на улицата „Партизанска“ во Битола кога од засега непознати причини возачот на автомобилот марка „буба” со прилепски регистерски таблички Х.С.(19) изгубил контрола врз возилото и удрил во дрво. Од силниот удар со сериозни повреди се здобила и неговата сопатничка Т. С. од Битола на возраст од 21 година. Во СВР Битола засега се уште не можат да изнесуваат детали за тоа како дошло до несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top