| четврток, 6 декември 2018 |

За концертот на Чола ќе исушат цело езеро

Српската општина Чајетина донела одлука поради концертот на Здравко Чолиќ за новогодишната ноќ, да го исуши Златиборското езеро, нешто што ќе се направи првпат во историјата на ова езеро. Трошоците на организација на концертот ќе изнесуваат околу 50.000 евра.

– Одлуката да се исуши езерото е донесена за да може да собере што повеќе луѓе во близина на бината. Не знам колку посетители ќе има, но очекувам дека околу 10 илјади ќе може да се сместат во центарот и просторот на испразнатото езеро, додека останатите 40.000 ќе може да се сместат на зелените површини околу угостителските објекти и на терасите од рестораните – вели за српските медиуми, Милан Стамовиќ, претседател на општина Чајетина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top