| четврток, 6 декември 2018 |

Марсел Хиршер супериорен во велеслаломот во Алта Бадиа

Австриецот Марсел Хиршер е победник на велеслаломската трка возена во рамките од Светскиот куп во алпско скијање во италијанскиот скијачки центар Алта Бадиа.
Тој двете трки ги извозе со вкупно време од 2:30,17 минути и беше доминантен над конкурентите остварувајќи победа со огромна разлика од дури 1,45 минути пред второпласираниот американски скијач Тед Лигети.
На третото место се пласираше Французинот Томас Фанара со време од 2:31,65. Со заостанување од само една стотинка од својот сонародник Фанара, на четвртото место се пласираше Алексис Пинторо.

Alpine skiing World Cup in Alta Badia

Во борбата за малиот кристален глобус води Хиршер со 360 поени, пред Тед Лигети кој досега собра 286 и Пинторо со 230 бода.
Во генералниот пласман Кјетил Јансруд го задржа првото место со 610 бода, пред Хиршер со 540 и Парис Доминик со 345.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top