| четврток, 6 декември 2018 |

Шешељ: Аркан беше злосторник, Сребреница е најмрачната точка на српската страна

537526_seselj-ap_fВоислав Шешељ, до неодамна хашки затвореник, во интервју за телевизија од Босна и Херцеговина изјавил дека „Сребреница е клучна српска компромитација“ и дека е важно тоа да се каже, зашто Сребреница е најмрачната точка на српска страна.

-Јас не го оспорувам злочинот во Сребреница, само тврдам дека не е геноцид. Имаше три логори во
Приедор каде луѓето се убивани, малтретирани и ограбувани. Имаше и цивили. Јас не го оспорувам злочинот во Приедор, не го оспорувам злочинот во Сребреница, не сакам да оспорувам ниту еден злочин – вели Шешељ.

Одговарајќи на прашање за воената улога на сегашниот претседател на Србија, Томислав Николиќ и премиерот Александар Вучиќ, Шешељ рекол дека ако тој е воен злосторник, тогаш воени злосторници се и Николиќ и Вучиќ.

Шешељ истакнал дека Александар Вучиќ давал многу поекстремни изјави од него. Во интервјуто објавено во дневникот наTV Face, Шешељ го издвоил Жељко Ражнатовиќ Аркан:
-Не ги штедев злосторниците од српска страна. Аркан беше злосторник под закрило на државната служба за безбедност. Во Зворник во 1992 година дојде со полициско возило и ротациони светла со своите 39 луѓе. По налог на Билјана Плавшиќ, локалната власт во Зворник му даде 350.000 марки да војува – вели Шешељ.

На прашањето зошто хрватските политичари бурно реагирале на неговото пуштање од Хаг, а босанските не, Шешељ одговара:
-Босанските политичари се интелегенција. Хрватите се однесуваа како сомови кога ќе се фатат на мамец. Сараево ме познава. Во Сараево никој не се „упеца“ на моите изјави. Би сакал некој да го стореше тоа. Сараево е мој роден град. Некој таму би ме дочекал радосно, некој со омраза. Во Белград сите ме дочекаа со омраза.

На тврдењата дека тој е етнички Хрват, одговара:
-Има многу Хрвати кои тврдат дека сум Хрват. Хрватите жалат што јас не сум Хрват, сакаат да сум нивен. Тешка рана за мене е што моите тројца кумови – Николиќ, Вучиќ и Драшковиќ, се предавници на српскиот народ.

Тој повторува дека нема доброволно да се врати во Хаг.
-Ако ме уапсат Вучиќ и Николиќ, како мои директни соучесници во воените слосторства, тогаш што можам јас да сторам – вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top