| четврток, 6 декември 2018 |

Ветеранката Гергл го заокружи одличниот викенд во Вал Дизер со победа во супер-џи

Австриската ветеранка во алпско скијање Елизабет Гергл имаше одличен викенд на падините францускиот ски-центар Вал Дизер. Таа по освоеното второ место вчера во трката во спуст, денеска се радуваше на нова победа во кариерата победувајќи во трката во супервелеслалом. Гергл денешната патека за извозе за време од 1:25,42 минути и за само пет стотинки беше побрза од Ана Фенингер. На третото место се пласираше водечката во генералниот пласман за големиот кристален глобус ТИна Мазе со време од 1:25,55 минути.

Alpine Skiing World Cup in Val d'Isere

Со овоените 100 бода во супервелеслалом, Гергл се искачи на второто место во оваа дисциплина зад водечката Лара Гут која од две трки има освоени 150 бода.
Во генералниот пласман води Тина Мазе која до сега собра 656 поени, Ана Фенингер е втора со 407, а Линдзи Вон која не ја заврши денешната трка остана на 312 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top