| четврток, 6 декември 2018 |

Полицаец ограбил возач на автопатот Скопје-Тетово

pregazen-policaec-na-patot-kon-drachevo-158764Тетовската полиција поднесе кривична пријава против триесетиседум годишниот Т.Џ,. од Тетово поради основи на сомнение дека сторил две кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и разбојништво.

Пријавениот кој е полициски службеник во тетовската полиција во петокот, на 19 декември, околу 20.30 часот движејќи се со непознато возило по автопатот Скопје-Тетово сигнализирал на автомобил мерцедес со германски регистарски ознаки да запре. Осомничениот со полициската униформа на себе по кус разговор со возачот и по проверка на торбите кои биле кај совозачот на возилото од задниот дел на возилото каде што се наоѓала ќерката на возачот одзел две торби.

Во торбите имало три часовници, два мобилни телефони, разновиден златен накит и облека, чија вкупна вредност се проценува на околу 700 евра и се одалечил од местото на настанот.

 Судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово на осомничениот му одреди мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top