| четврток, 6 декември 2018 |

Честитка од претседателот на Собранието за Денот на наставата на турски јазик

trajko-veljanovski

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски им го честита 21 декември, Денот на наставата на турски јазик, на сите припадници од турската заедница кои живеат во Република Македонија.

 – Можноста за користиње на мајчиниот јазик е едно од најзначајните права преку кои се овозможува создавање, чување и промоција на идентитетот на народите. Преку негувањето на своите основни обележја, турската заедница и турскиот јазик даваат значаен придонес во раскошниот мозаик на различни култури и традици кои се негуваат во Република Македонија, стои во честитката од Вељаноски.

Тој истакнува дека во Република Македонија високо се цени придонесот на сите етнички заедници, бидејќи клучот кон успешна иднина е во толеранцијата и соживотот меѓу сите граѓани во државата.

– Нашиот напредок на сите полиња е заснован на почитување, доверба и заедништво, вклучувајќи го и напредокот кон евроатланската интеграција, стои од честитката од претседателот на Собранието по повод Денот на наставата на турски јазик

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top