Повеќе од 200 талибански борци се ликвидирани за два дена во антитерористичките операции во Авганистан. Во борбите загинаа и шест авганистански војници и тројца цивили, соопшти авганистанското Министерство за одбрана. Според полицијата најжестоки борби имало во провинцијата Конар. Полициските сили откриле и елиминирале 62 талибански борци. Армијата ослободила значителен број на заробеници.
Авганистаниските безбедносни сили спровеле акции и во провинциите Хелманд, Пактија, Хост, Урузган, Балх, Џузџан и Сари Пул. Тие зазеле магацини со оружје, а деминерите уништиле 26 бомби поставени на клучни маршрути. Во последните 24 часа талибанците нападнале позиции на безбедносните сили, а рекетирале и цели во провинцијата Лагман при што загина еден маж, а шестмина се повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица
-
Оперскиот пејач Дурловски ќе одговара за тероризам, а терористите кои убија деца на Смилковско на слобода
-
Приведени деветмина во Атина: Се сомневаат дека подготвувале терористички напад
-
Американската војска бомбардира фабрики за дрога во Авганистан