| четврток, 6 декември 2018 |

НАСА потврди: Имало живот на Марс

На Марс некогаш постоеле услови за живот – велат последните и официјални податоци издадени од страна на НАСА. Петставниците на НАСА денеска објавиле дека анализирајќи ги примероците од карпи добиени од “Curiosity” роверот, „ е заклучено дека на планетата Марс во минатото постоеле услови за живот”.

zivot na mars2

-Фундаменталното прашање за оваа мисија е дали на Марс некогаш постоеле услови за нормална животна средина – рекол Мајкл Маер, водичот на програмата “Mars Exploration Program” при НАСА на денешната средба со новинарите. Понатаму додава:
– од нашите досегашни сознанија, одговорот на ова прашање е ДА.

zivot na mars1

Ова откритие доаѓа само седум месеци откако роверот “Curiosity” се спушти на површината на Марс, каде што ќе помине најмалку две години, истражувајќи дали оваа планета некогаш го подржувала примитивниот живот.

Пред повеќе од еден месец извршил ископувања во карпата наречена Џон Клајн. Ова се најдлабоките ископувања направени на Црвената планета. Во примероците земени од површината на Марс биле идентификувани некои од главните хемиски елементи неопходни за живот, како што е сулфурот, азотот, водородот, кислородот, фосфорот и јаглеродот.

zivot na mars3

Биле забележани и минерали и глина, што укажува на тоа дека на планетата многу одамна постоела неутрална водена средина. Овие податоци за научниците се доволни за да се заклучи дека станува збор за средина погодна за живеење.

Дали има вонземјани или не е вечно прашање на истражување, дебатирање, размислување… Позната слика од 15 век на Доменико Џирландао „The Madonna with Saint Giovannino” фрла ново светло врз расправата постојат вонземјани или не. На сликата јасно се гледа летечки објект и ова предизвика огромна полемика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top